Циципас по поразот: Би било добро за тенисот Медведев да го победи Ѓоковиќ во финале

Циципас приреди големо изненадување во четвртфиналето, кога го елиминира големиот фаворит Рафа Надал, но тој беше запрен во полуфиналето.

Во битка за финалето, тој се соочи против Данил Медведев, кој беше подобар од грчкиот тенисер со 3:0 во сетови и се пласира во големото финале каде за ривал ќе го има Новак Ѓоковиќ.

Гркот по натпреварот истакна дека би било добро за тенисот Медведев да освои титула.

Не можев да го запрам, беше одличен. Дури и да го освоев третиот сет, немаше ништо да се промени, Медведев имаше своја игра денеска. Не би бил изненаден доколку тој го освои Австралија Опен годинава, бидејки игра одлично. За тенисот би било добро Медведев да освои титула против Новак Ѓоковиќ“, истакна Стефанос Циципас.

Финалето се игра в недела од 09:30 часот.