Циципас на прес од новинарите дозна за одлуката на Федерер: Шокиран сум

Стефанос Циципас одигра одличен натпревар во осминафиналето на Ролан Гарос и во три сета го елиминира Пабло Бусто, а по натпреварот, на пресконференцијата остана затечен поради веста со Федерер.

Во разговор со новинарите му беше соопштено дека Рожер Федерер се откажал од понатамошниот настап во Париз.

Прво, изнена ден сум од веста, бидејки не знаев, од вас ја слушнав. Не знам што се случува, не знам дали е повреда или замор? Тој играше добро, гледав некои негови гемови, така да целосно сум изненаден со неговата одлука“, истакна Циципас.

Организаторот на турнирот соопшти дека Федерер се повлекува од Ролан Гарос, а потоа самиот тенисер потенцира дека поради замор на телото, односно поради проблем со коленото, дел од стручниот штаб му сугерирал дека треба да се повлече.