Клубовите ќе мора пак да аплицират и тоа буквално веднаш

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), денеска (27. ноември 2019.), преку официјален Допис до сите Национални спортски федерации.pdf од Агенцијата за млади и спорт (АМС) доби известување во најбрз можен рок да достави до АМС барање за користење на средства од даночно ослободување за спортски клуб.

Важна напомена во дописот е дека Националната спортска федерација на Македонија, односно ФФМ, има обврска до АМС да достави предлог листа на спортски клубови (наведени по реден број и износот на бодови) кои ги исполнуваат критериумите за користење на средствата од даночното ослободување согласно Законот за Спорт и Законот на добивка.

Во продолжение можете да ги преземете,

Законот за изменување на Законот за спорт од 17. мај 2019. година (објавен во Службен весник број 98 од 25. мај 2019. година, Правилник за поблиските квантитативни и квалитативни критериуми за користење на средства од даночно ослободување, начинот на добивање и рангирање, како и формата и содржината на барањата за користење на средствата од даночното ослободување и на листите на Националните спортски федерации на спортски клубови и на активни спортисти кои се натпреваруваат во индивидуални спортови и на други правни лица кои имаат решение за вршење на дејност спорт донесен од Агенцијата за млади и спорт на 28. мај 2019 година (објавен во Службен весник број 120 од 13. јуни 2019.), Закон за изменување на Законот за спорт донесен на 20. ноември 2019 (објавен со Службен весник број 244 од 26. ноември 2019.) и Законот за данокот на добивка.

Комисијата задолжена за ваучер системот формирана од Националната спортска федерација е должна да ја потврди точноста на внесените податоци во приложениот образец.

Имајќи го в предвид денешниот допис од АМС, а притоа почитувајќи го законскиот рок од 5 (пет) дена од денот на влегување на сила на Законот за изменување на Законот за спорт (26. ноември 2019.), ФФМ на овој начин ги известува сите клубови што ги исполнуваат критериумите за користење на средствата од даночното ослободување согласно Законот за Спорт и Законот на добивка, да го пополнат и да го достават до архива на ФФМ најдоцна до 28. ноември 2019. година. Поради краткиот рок, ве информираме дека архивата на ФФМ ќе работи до 18:00 часот во текот на утрешниот ден.

ФФМ преку Комисијата задолжена за ваучер системот има обврска да ја провери точноста на дадените податоци во обрасците доставени од клубовите и истите да ги достави до АМС во законски утврдениот рок, односно до понеделник, 02. декември 2019. година.

Соочени со краткиот рок, Фудбалската федерација на Македонија ги замолува клубовите кои имаат намера да аплицираат и ги исполнуваат условите за користење средства од даночното ослободување согласно Законот за Спорт и Законот на добивка, да ги достават пополнетите обрасци во текот на утрешниот ден до 18:00 часот со цел Комисијата задолжена за ваучер системот во ФФМ навремено да ги исполни своите обврски и навремено да ги достави до АМС.