Циркус во Паргвај: Тренерот спиел со жената на играчот, а друг играч спиел со неговата жена

Парагвајскиот клуб Либертад го отпушти својот главен тренер Леонел Алварез и покрај тоа што победија во својот прв меч во Копа Либертадорес со 4:1.

Во локалните медиуми се појави шокантно откритие дека 51-годишниот Алварез имал афера со Пати Гонзалез, инаку сопруга на неговиот играч Едгар Бенитез.

Гонзалез ги негираше гласините, па објави и порака:

„Ве уверувам дека тоа е целосно погрешно. Немам никаква врска со оваа ситуација и не сум поврзан со ова што се случило“.

Парагвајското ТВ шоу „Телешоу“ тврди дека, покрај гласините дека Алварез имал афера со сопругата на својот играч Бенитез, напаѓачот на Либертад Такуар Кардозо наводно имал секс афера со 31-годишната девојка на тренерот Алварез.

Поранешниот колумбиски репрезентативец и тренер на Либертад со својата девојка Гарсија е од 2012 година и тие двајца имаат ќерка.

Алварез има уште две деца од други врски, а неговиот помошник Рубен Дарио Бедоја изјави дека ни тој ни Алварез не можеле да влезат во клубот кога пристигнале на тренинг.

„Тоа ни се чини како непрофесионално, тоа е шокантен третман. Не изненади бидејќи ако се донесе одлука, мора да се дозволи да влеземе и да си ги земеме нашите работи. Тоа е непочитување“.

Адвокатот изјави дека договорот на Алварез е прекинат бидејќи не се исполнети условите и дека комплетната приказна настанала како „производ на фантазија на злонамерни луѓе кои сакаат да ја уништат репутацијата на играчите во клубот и нивните семејства“.

Алварез на крајот доби отказ, како и сите негови помошници, а Либертад во моментов е осми во парагвајската Примера со само три победи во три меча.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Челси веќе решиле кому ќе припадне 10-та на Азар?

Зидан го потврди она што се зборува на големо за Бејл во Мадрид

Бејл дури и од клупа денеска, успеа да ги налути навивачите на Реал Мадрид

Титулата на Сити во Купот го спаси Јунајтед од големи претумбации ова лето

ВИДЕО: Тоти не игра фудбал – но продава магични потези на мали терени

ВИДЕО: Реал Мадрид со нов пораз ја заврши кошмарната сезона

Избрани најдобрите играчи за сезоната 2018/19 во Серија А

Милан се пазари со УЕФА: Ако не влезат во ЛШ да не играат ЛЕ и да се смета како казна

Крај на една ера: Компани си замина од Сити по 11 години