Цепиќ: Го одбив Вардар за да потпишам со Целје

Словенечкиот ракометен великан, Целје денес потпиша со двајца млади ракометари од Црна Гора. Кон клубот пристапија средниот бек Радојица Цепиќ и левиот бек Арсенија Драгашевиќ кои доаѓаат од Рудар Плевља.

Цепиќ по потписот за „жолто-сините“ даде изјава во која откри дека имал понуда и да се пресели во редовите на Вардар

“Среќен сум што потпишав договор со клуб како Целје. Првите впечатоци се одлични и имам добро чувство за сè што ќе се случи во иднина. Доаѓаме во клуб кој е признат ширум светот, клуб што прави шампиони и одлични резултати, па наша одлука беше да го избереме Целје покрај многу понуди што ги имавме, а тоа се Фленсбург, Минден, Монпелје, Вардар, Нексе“, изјави Цепиќ.

Како што е познато, македонскиот првак на среден бек ангажираше двајца Хрвати. Анте Гаџа од ППД Загреб и Ловро Јотиќ од Еурофарм Пелистер.