Цел свет го критикува, а Новак пак донира – пет милиони!

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ повторно воодушеви со својата помош во борбата против корона вирусот.

Иако неодамна и самиот се соочи со него, српскиот ас донира пет милиони динари во Општата болница во Нови Пазар. Тоа се над 42 илјади евра, потребни за набавка на основни работи во болницата која последните денови е претрупана со болни од ковид 19.

Од почетокот на корона кризата во светот, Ѓоковиќ во повеќе наврати донираше финансиска помош, како во Србија, така и во други земји низ Европа.