Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денес ја информираше јавноста во Македонија дека се разделуваат со девет ракометари од нивниот состав.
По завршување на сезоната, ќе има проветрување во редовите на битолскиот ракоме тен колектив, од Еурофарм Пелистер излегоа со порака до играчите кои заминуваат.
„Клубот искрено им се заблагодарува на професионалниот пристап и залагањето во изминатиот период. На сите им посакуваме успех во продолжувањето на кариерата на клупско и репрезентативно ниво. Семејството Еурофарм Пелистер секогаш ќе биде и нивно семејство“.