Трпаноски избран за потпретседател на Балканската џудо асоцијација

Претседателот на џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски во следните пет години ќе ја извршува функцијата потпретседател на балканската џудо асоцијација.

Владимир Трпаноски успеа да ја доби поддршката од најголемиот број на делегати, кои учествуваа на денешниот состанок во Кожани, каде се оддржува отвореното Балканско првенство за пионери.

Покрај Трпаноски, на споменатиот состанок присуствуваше и потпретседателот на џудо федерацијата, Благоја Гешоски.

Највисоките претставници на македонската џудо федерација присуството во Кожани го искористија за да го проследат отворањето на Балканското првенство за пионери како и дел од натпреварите на македонските џудисти.