ТРОЛ НА ДЕНОТ: Тренерот на Јувентус е виновен за ужасната стратегија на Ферари со Леклер?!

Ферари успеа да си уништи уште една трка во која сигурно имаа победа во раце да беа малку по присебни.

Сите кои следат Ф1 долг период, можеа да воочат каква грешка направи Ферари само во неколку секунди, кога преку тимското радио прво го повика Леклер во бокс, за нешто подоцна да му каже да остане надвор, кога тој веќе беше пред боксот.

Но по трката каде Леклер каде очекуваше победа, заврши на 4. позиција, почнаа троловите на сметка на италијанската екипа.

Во еден од нив го имаше и Макс Алегри, кој беше присутен на трката денеска, во друштво на Фелипе Маса, некогашниот ас на Ферари, па поради тоа што Алегри бил гостин на екипата на Ферари, навивачи се пошегуваа на негова сметка за хаосот кој Ферари повторно сам си го продуцираше.