Тројца спортисти загина во борбите во Украина

Црн е билансот на жртвите во првата недела од руската окупација на Украина, како меѓу армијата, така и меѓу цивилното население.

Има и тројца загинати спортисти и тоа фудбалерите Виталиј Сапило и Дмитро Мартијенко, како и биатлонецот Јевхан Малишев. Сапило имаше 21 година и бранеше за младата екипа на Карпати од Лвов кој се натпреварува во третата лига на Украина. Животот го загубил како заповедник на тенк во одбрана на Киев.

И Мартиненко беше голман, имаше 25 години и бранеше за второлигашот Гостомел, а загинал во својот стан, заедно со мајка му откако бомба погодила зграда во Киев. Малишев е најмлад, имал само 20 години и бил јуниорски репрезентативец во биатлон.