Трифуновиќ по поразот во Минхен: Кога Жељко влезе во соблекувалната..

Партизан доживеа синоќа уште еден незгоден натпревар во Евролигата, од каде очекуваа цел плен, но не го остварија тоа.

Белградската екипа синоќа гостуваше во Минхен, а беа поразени и со тоа уште повеќе си ја усложнија ситуацијата.

Еден од најдобрите поединци на „црно-белите“ синоќа беше Урош Трифуновиќ, кој во првиот дел уфрли 10 поени, а во второто полувреме скоро и да го немаше.

Паднавме во темпото во втората четвртина, потоа лошо отворивме во вториот дел, не успеавме да реализираме некои сигурни шутеви, но успеавме да се вратиме пред крајот, но тоа не беше доволно за победа, загубивме последните две минути.

Проблемот на Партизан е константноста или неконстантноста во одбраната, а за тоа е свесен и Трифуновиќ:

Даваме свој максимум, знаеме дека можеме да играме против секој, имаме квалитет. Тренерот по натпреварот влезе во соблекувалната, ни рече дека немаме време да размислуваме за овој пораз, а испуштивме голема шанса да победиме на гостински терен. Но сега ни следи меч пред домашните фанови, пресметка против Алба, одиме напред, порача Трифуновиќ.