Три опции за продолжување на сезоната во НБА лигата

НБА лигата минатата недела беше прекината поради пандемијата на коронавирусот, а комесарот на лигата Адам Силвер вели дека постојат три опции за сезоната да биде спасена.

Многумина се во страв дека повеќе нема да ја гледаат НБА до октомври и почетокот на новата сезона, но Силвер ја смирува ситуацијата и вели дека ќе направи се што може за сезоната сепак да продолжи.

Засега на сила е одлуката дека кошарка нема да се игра барем 30 дена, а и потоа е прашање што ќе се случи. Силвер вели дека моментално постојат три опции за спас на сезоната.

„Во овој момент размислуваме за три различни можности. Првата е, кога би можеле повторно да поченме да ги одржуваме натпреварите со 19.000 луѓе во сала? Втората е, дали е опција мечевите да се играат без навивачи и што би можело тоа да значи. Третата можност е да се одржи хуманитарен натпревар, доколку би се создаел услови група играчи да можат да се натпреваруваат и бидат изолирани. Сакаме да им помогнеме луѓето, знаеме дека на многумина им е тешко, а притоа нема спорт на телевизија. Потребно е нешто да им го одвлече вниманието, некој мора да ги забавува“, изјави тој.

Додава дека раководството на лигата ќе направи се за да ги врати кошаркарите на НБА паркетите и дека тој е оптимист.

„Првиот чекор можеби се натпреварите без присуство на навивачи. Отсекогаш сум говорел дека 99 проценти од луѓето ги следат мечевите преку некои медиумски платформи. Оптимист сум, верувам дека ќе успееме да ја спасиме сезоната. Ќе направиме се за повторно да играме кошарка“.

Инаку, во НБА лигата има неколку случаи на зарази меѓу играчите. Прв се зарази Руди Гобер, а подоцна тоа го пренесе на својот клупски колега Донован Мичел. Најголемата ѕвезда заразена со овој вирус во НБА е Кевин Дурент.