„Три од три“ за Хувентут, Димитријевиќ на чекор од дабл-дабл

По три одиграни кола од Еврокупот, каталонскиот клуб е единствен со максимален ефект во групата А и со тоа заслужено на првото место на табелата.

Трета жртва на Хувентут беше турскиот тим Бахчешехир кој на негов терен е совладан со 91-72. Ненад Димитријевиќ го одигра најдобриот меч во ова натпреварување сезонава, постигнувајќи 13 поени и осум асистенции со индекс 19, втор најдобар во неговата екипа и воопшто на дуелот, зад Анте Томиќ (31).

Со ова продолжи одличната серија на Хувентут на стартот од новата сезона. Поранешниот европски шампион одигра вкупно осум натпревари во АЦБ лигата и Еврокупот, а поразен е само еднаш, од Реал Мадрид.