Три ѕвезди од Вардар во ТОП изборот на ЕХФ

266

Ракометарките на Вардар ги завршија натпреварите од Главната фаза на Лигата на шампионите како првопласирани. На последниот меч гостувавме во Подгорица и го победивме Будуќност со 30-25. Сезонава на сите меѓусебни дуели ние победивме и како први од групата влегуваме во четврт-финалето на ЛШ.

Најефикасна ракометарка на средбата против Будуќност беше Андреа Пенезиќ која постигна 10 гола. Таа е наш најефикасен играч во елитната лига и досега Пенезиќ постигна 75 гола во ЛШ.

ЕХФ ја вброи меѓу трите ѕвезди на колото во лигата на шампионите заедно со Мајса Песоа и Стине Бредал Офетедал од Ѓер.

Александра Лакрабер имаше еден од петте најубави голови постигнати во 6. коло од Главната фаза на ЛШ.

Ова се сите Топ-5 голови на колото.

Вардар ја има најдобрата одбрана сезонава во ЛШ, и две одлични голманки. Кога на едната не и оди, тука е другата. Овојпат меѓу петте најдобри одбрани беше Ина Суслина и нејзините две одбрани по ред.

Ова се Топ-5 одбрани на колото.