Три чекори за да го симне Ѓоковиќ од тронот на АТП: Три победи го делат од трофеј и позиција број 1

Рускиот тенисер Данил Медведев потешко од очекувањата дојде до победа против тенисерот од Америка, Максим Креси, кој го доби со 3:1 во сетови (6:2, 7:6, 6:7, 7:5) и се пласираше во четвртфиналето.

Медведев беше апсолутен фаворит пред натпреварот со Американецот, бидејки Креси е дури 70. на АТП рангирањето и навивачите и публиката очекуваа далеку полесна победа, но имаше отпор од противникот и мечот траеше три ипол часа.

Како одминува турнирот и се ближи кон својот финиш, се исцртуваат фаворитите за освојување на Мелбурн годинава, а Медведев, заедно со Надал, се едни од фаворитите сега кога го нема Новак Ѓоковиќ.

Медведев е на три победи до својот втор трофеј на гренд-слем турнирите, но и на три победи од првото место на АТП, кое е запоседнато во моментов од Новак Ѓоковиќ.