Тренерот на Циципас удри по организаторот на ОИ: Тоа беше хаос, од хотел – до соблекувални!

Кондицискиот тренер на Стефанос Циципас се осврна на организацијата во Токио, која ја протолкува како доста слаба и неквалитетна.

Гркот беше потенцијален најголем ривал на Новак Ѓоковиќ на овие ОИ, но грчкиот тенисер беше елиминиран од натпреврувањето.

Некои од причините за слабиот резултат ги наведе неговиот тренер.

Бевме сместени по тројца во 20 квадрати, дури немавме ни ТВ во собата да ги следиме натпреварите. Додека во Америка, Британија и уште во неколку земји има и плејстејштн во големите апартмани, велосипеди, кафетерии и многу други работи. Дури 90% од персоналот не зборуваше англиски, тоа беше вистински хаос верувајте. Соблекувалната беше хаотична на сите страни“, порача Фиотакис.