Тренерот на Надал ја објасни ситуацијата на Шпанецот пред Ролан Гарос

Рафаел Надал иако годината ја почна триумфално со серија на победи, но сепак, изминатите неколку недели имаше проблеми со повредите кои ги влече низ кариерата.

Сега се поставува прашање дали тој ќе биде потполно подготвен за големиот турнир, или неговиот омилен, Ролан Гарос.

„Кралот на земја“ како што го нарекуваат Надал, доколку биде дел од турнирот во Париз, несомнено ќе биде еден од најголемите фаворити, па останува да се види дали ќе стисне заби и дали ќе може да одигра на потребното ниво.

Се сеќавам во каква ситуација беше Рафаел Надал на Ролан Гарос 2020 година. Ни тогаш не беше во најдобра ситуација, како и сега, но успеа да ја освои титулата без загубен сет. Тој понекогаш чувствува болки во нозете, но поголемиот дел од времето е добар. Се на се, се чувствува добро во моментов и оптимисти сме за претстојниот Ролан Гарос“, истакна тренерот на шпанскиот тенисер Карлос Моја.

Рафаел Надал на Ролан Гарос стартува против Џордан Томпсон, додека во второто коло понтецијален ривал му е Стен Вавринка.