Тренерот на Малага мафтал со пенисот пред камера, клубот го суспендира!

Тренерот на Малага, Виктор Санчес дел Амо е суспендиран затоа што се соблекол и самозадоволувал пред камера, а сето тоа се снимало од него или од друго лице.

Видеото од неговиот чин некако завршило на интернет и стана вирално, а клубот го казни за тоа. На спорната снимка се гледа како Санчес, во опрема на Малага седи на кревет, пред мобилен телефон и се соблекува, потоа се фаќа за пенисот и на крајот и го покажува на друга личност која зборува со него.

Во текот на вчерашниот ден тој поднесе тужба во полиција за објавување и ширење приватна содржина, а притоа се пожали дека бил уценуван. Виктор Санчес е поранешен фудбалер на Реал, Сантандер, Ла Коруња, Панатинаикос и Елче. Видеото во меѓувреме е тргнато од интернет, останаа само фотографии од тренерот на Малага.