Тренерот на Федерер призна за поразот од Ѓоковиќ кој ги уништил!

Тренерот на Роже Федерер, Иван Љубичиќ, признава дека поразот од Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон 2019 година, им паднал најтешко од сите во нивните кариери.

Федерер на тој натпревар во 16. гем од петтиот сет на свој сервис пропушти две меч топки, а Ѓоковиќ на крајот славеше со 7:6, 1:6, 7:6, 4:6, 13:12.

Поразот од Ѓоковиќ на Вимблдон 2019 година не можевме да го поднесеме. Тој меч ни нанесе тешки болки. Роже во полуфиналето го доби Надал по четири сета, беше загрижен, под притисок, морав да го убедувам дека може да победи затоа што се чувствуваше инфериорно. Бев во солзи по тој меч, навистина тешко ни падна што загубивме од Ѓоковиќ“.

Од друга страна, Љубичиќ искоментира која е нивната најголема победа во кариерите.

Најголемата победа ни беше над Рафаел Надал на Австралија Опен од 2017 година, за мене тоа беше најважен меч во историјата на тенисот“, порача Љубичиќ.