Тренерот на Барселона за Златната топка и распоредот на играчи: АПСУРДНО!

Многумина денеска ја искоментираа одлуката на УЕФА и Франс Фудбал да му ја доделат Златната топка на Лука Модриќ од Реал Мадрид.

При секој избор, секогаш ќе има спротивставени страни, кои не се задоволни од она што вреднувано од највисоките фудбалски органи и фудбалската куќа УЕФА.

По тој повод, медиумите во Шпанија го прашаа и тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, што мисли за наградата која ја доби Лука Модриќ.

Честитки за Лука и неговата награда, но петтото место за Лео Меси, е тоа е АСПУРДНОСТ!“, потенцира Валверде.

Скоро сите беа изненадени од ниската позиција на Лео Меси, додека Кристијано Роналдо во ова беше второпласиран.