Тренчовски: Јас сум виновен…

Тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски ја презеде на себе одговорноста за поразот на неговиот тим во првиот натпревар од првото квалификациско коло за пласман во Лигата Европа против Зрињски.

Босанците во Скопје победија со 3-0 со што го уништија европското деби на тимот од Струмица.

„Искрени честитки за Зрињски кој доминираше во текот на целиот меч. Неискуството го направи своето, бевме премногу импресионирани во првото полувреме. Загубивме поради раниот гол и средниот ред каде противникот доминираше. Сигурен сум дека вака лошо не можеме да одиграме и на вториот меч. Целата вина е на мој грб, но факт е дека Зрињски е подобар од нас“, изјави Тренчовски.

Реваншот се игра во Мостар за седум дена, шансите на Академија Пандев за пресврт се минимални.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се е јасно: Кутињо со својот последен потег потврди дека си заминува од Барселона

ПСЖ си донесе ново засилување – од Борусија Дортмунд

Шкендија шокирана и елиминирана во 91 минута во Скопје: Номе Калју во следната фаза

Агентот на Бејл се огласи за можниот трансфер или позајмица

ВИДЕО: Игуаин и Роналдо на тренинзите, како желка и зајак

Мурињо се шегува со Конмебол: И Роналдо може пред Меси да ја освои Копа Америка

Има и такви фудбалери: Ја одби Барселона за да остане во Манчестер Јунајтед

Екс фудбалерот на Арсенал: Не знаев што правам при трансферот во Барселона

Во Тотенхем, Покетино го претстави Покетино!