Трансфер-шпекулација: Санчо не бил на денешниот тренинг во Дортмунд?

Џејдон Санчо денеска не бил присутен на тренингот на Борусија Дортмунд, а тоа го нотирале тамошните медиуми.

На Дортмунд сега и следува меч против Фрајбург во Бундеслигата, но прашање е тој дали ќе се појави на тој натпревар.

Познато е дека Јунајтед го посакува, и нивната понуда тешка 91 милиони фунти беше отфрлена минатата недела.

Дортмунд е јасен, под 120 милиони евра, или некои 100 милиони фунти, нема да го ослободат Санчо за трансфер било каде во Европа.

Се верува дека причина за денешното отсуство на Санчо на тренингот на Дортмунд била мала „настинка“, но медиумите тивко шпекулираат дека нешто големо се крчка во позадина и дека на крајот тој деновиве може да го промени клубот.