Трансфер кој изненади многумина: Луис Нани се враќа во Европа

Искусниот Португалец Луис Нани би можел повторно да заигра во Европа.

Според португалскиот „А Боле“, Нани би можел да игра за Венеција во Серија А половина сезона.

Наводно, Португалецот веќе разговарал со челниците на Венеција за условите. Нани би играл една полусезоната, а потоа би потпишал едногодишен договор во случај клубот да избере опстанок во Серија А.

Последен клуб за Нани беше Орландо во МЛС кој го напушти на почетокот на 2022 година, а пред Орландо имаше камбек епизода во Спортинг Лисабон.

Најголем белег во кариерата остави како член на Манчестер Јунајтед, а настапуваше и за Фенербахче, Валенсија и Лацио.

За португалската репрезентација одигра 112 натпревари и постигна 23 гола.

Иако има 35 години, Нани сигурно се уште може да го понуди европскиот фудбал, а сигурно би бил засилување за Венеција во борбата за опстанок, ако ништо друго поради големото искуство што го има.