Трансфер бомба во Битола

РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека постигна целосен договор со тунискиот репрезентативец Мохамед Суси.

До официјализација на трансферот недостигаат само медицинските прегледи кои ракометарот ќе ги реализира утре по пристигнувањето во Македонија.

Клубот во текот на утрешниот ден ќе ги обелодени деталите од соработката со новиот свој член.