Tрагично: Прегазен 23 годишниот шампион во мотокрос кој возеше со една рака

Младиот мотокрос возач од Аргентина, 23 годишниот Алберто Веј Запата, кој со една рака се натпреварува во овој спорт, загина на стравичен начин.

Аргентинецот имал навистина голем потенцијал во овој спорт, иако и без една рака, тој бил вистинска појава, но тој животот го загуби на крајно трагичен начин.

Алберто по губењето на контролата на својот мотор, паѓа на сред патека, а веднаш зад него, двајца од возачите, некако во целата мешаница го прегазуваат момчето по глава и тоа на истата патека, каде момчето минатата година прв пат се врати да вози со една рака.

Ќе остане запаметен во овој спорт под прекарот „војник“, бидејки возеше со една рака, затоа што претходната година доживеа тешка сообраќајна несреќа по што му беше ампутирана левата рака.

Сепак, Алберто и покрај тоа, продолжи да вози и да успее да победи на една трка годинава, но ете, овде тој не успеа да ја комплетира својата трка, беше прегазен и загина на трагичен начин.