Трагедија во Црна Гора: Почина еден од најталентираните фудбалери

Еден од најталентираните фудбалери во црногорската лига загина во сообраќајна несреќа.

Младиот фудбалер на тимот Jезеро од Плав, Мирза Ѓурѓевиќ почина како последица на сообраќајна несреќа што ја доживеа во четвртокот.

Според „Вијести“, Мирза починал во болница, откако лекарите повеќе од 24 часа се бореле да му го спасат животот. Тој во несреќата се здобил со тешки повреди на главата и бил во кома, а ден подоцна им подлегнал на повредите.

Ѓурѓевиќ (21) во тимот од Плав пристигна пред почетокот на оваа сезона. Пред тоа го носеше дресот на Петровац, а во кариерата смени уште неколку црногорски екипи. Тој потекнува од Будуќност, а потоа настапуваше за Отрант од Улцињ.

Во Првата лига на Црна Гора одигра 63 натпревари и важеше за еден од најталентираните фудбалери во тоа натпреварување, а последниот натпревар го одигра во неделата против Подгорица.