Трагедија во Швајцарција: Фризерот на Роналдо избоден до смрт!

Рикардо Маркес Фереира во петокот бил пронајден мртов, избоден до смрт во својата хотелска соба во Цирих, соопштија тамошните медиуми.

Името не и многу познато на пошироката светска јавност, се додека не се знае дека тој му е личен фризер на Кристијано Роналдо, како и на уште неколку славни светски личности. Неговото тело го нашла собарка, во петокот околу 14 часот, а уште го нема оружјето со кое е извршено убиството.

Медиуми ов Швајцарија тврдат дека неколку гости часови претходно се пожалиле на рецепција за големата врева која доаѓала од собата на жртвата. Според собарката, во апартманот неподнсливо мирисало на алкохол.

Фереира, чиј уметнички прекар бил Кажу, живеел во Цирих последните две години, а минатата недела престојувал во хотелот каде е убиен. Од Роналдо засега нема никаква реакција во врска со убиството.