Трагедија во семејството Енрике: Болната вест која вечерва е соопштена во јавноста

Поранешниот тренер на Барселона и селектор на Шпанија, Луис Енрике, вечерва објави дека со сопругата ја загубија својата 9 годишна ќерка Хана.

Енрике се повлече од тренерската работа во јануари оваа година поради болест, а сега ја објави најболната вест од неговата фамилија.

Нивната ќерка Хана, се борела долг период со подлата болест Остеосарком, или рак на коските, ја загубила битката по неколку месеци.