ТРАГЕДИЈА: Пред натпревар почина делегат во Лига Европа

Полицијата на Кипар соопшти дека 74-годишен Британец кој требал да биде делегат на УЕФА за мечот Аполон-Австрија од третото квалификациско коло на Лигата Европа – починал.

Ејдријан Титкомб почувствувал тегоби и се онесвестил додека бил со колеги и судии во фоајето на хотелот во Никозија. Пристигнала медицинска екипа, но лекарите не успеале да го вратат во живот и само констатирале смрт.

И покрај инцидент натпреварот меѓу Аполон и Австрија се одигра регуларно, славеше кипарскиот тим со 3-1 и со вкупни 5-2 се пласира во плеј-офот.