Трагедија: Почина познат НХЛ хокеар на 25 годишна возраст

Хокеарот на Едмонтон Оилерс, Колби Кави почина денес на 25 годишна возраст.

Како што се пренесува, несреќниот хокеар имал излив на крв во мозокот. Проблемот настанал откако циста му вршела притисок на мозокот, а по операцијата бил ставен во индуцирана кома.

За жал утрово беше објавено дека починал, информација што ја потврдија и од неговиот клуб.

„Со голема тага ви пренесуваме дека нашиот Колби Кави премина утрово. Сите сме во шок“ стои меѓу другото во соопштението од клубот.

Оваа сезона Колби одигра 11 меча во НХЛ и притоа постигна еден гол.