Трагедија: Од Ковид почина претседателот на РК Преспа

Во Градската општа болница „8 Септември“, вчера почина Илче Котески, претседател на Ракометниот клуб Преспа и негов поранешен капитен.

Котевски е ресенчанецот за кого пред неколку дена се бараше крвна плазма на социјалните мрежи за Б позитив крвна група. Беше објавено дека лекарот Мирослав Бошковски од Куманово на 35 години донираше крвна плазма за да го спаси животот на четириесетгодишниот пациент што се лекуваше во „8 Септември“.

Тој е првиот спортски работник во Македонија, жртва на Ковид 19 кој во земјава се појави пред крајот на февруари.