ТРАГЕДИЈА: Меѓу загинатите кај Тетово и кошаркар на Гостивар – се бара одлагање на Купот

Кошаркарскиот клуб Гостивар пред неколку моменти излезе со официјално соопштение во јавноста во кое бара да се одложи Купот на Македонија. Причината е автобуската несреќа во која загинаа 14 лица од Гостивар, а над 30 се повредени. Помеѓу загинатите е и нивен кошаркар кој игра во втората екипа.

Соопштение до јавноста:

Поради трагичната несреќа која го погоди нашиот град. Кошаркарскиот клуб Гостивар најдлабоко жали за огромниот број сограѓани кои ги изгубија своите животи и соочуствуваме со нивните семејства, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување.

Ја информираме јавноста и МКФ дека, КК Гостивар не е во состојба да учествува на престојниот КУП на Македонија и бараме безусловно одлагање на истиот.

Во трагичниот настан, животот го загуби и нашиот играч Јовица Трпевски, ги одлагаме сите натпревари од Втората и младинските лиги закажани за викендов.