Традицијата продолжува: Вардар е на Ф4 од СЕХА!

И десетта година по ред, најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе игра на завршниот турнир од СЕХА лигата. Во четвртфиналниот реванш, против Загреб, „црвено-црните“ загубија со 22-25, но поради победата од четири разлика во Скопје обезбедија место меѓу најдобрите четири во регионалното натпреварување.

Вардар добро го започна дуелот и по пет минути игра водеше со 3-1. Следуваше серија на противникот, па така веќе во 15.минута беше егал, 6-6. Потоа Вардар преку Дибиров и Георгиевски дојде на плус два. Следеше серија на домаќинот, па така во 21.минута беше 8-6 за ППД Загреб. Вардар беше девет минути без гол. Серијата ја прекина Валчак за 8-7 во 24.минута. До крајот на првиот дел и двете екипи одиграа добро, па на пауза се замина со 12-10.

Во вториот дел домаќинот беше цели осум минути без гол. Во 40.минута со гол на Тото, Вардар дојде на 15-14. Томовски продолжи да блеска на голот на Вардар. За одбележување беше 45.минута, а Вардар водеше со 16-17. Потоа Вардар играше одлично, па во 49.минута имаше плус два, 17-19. Талески со три гола за 20 минути, го најави триумфот на вардарци. До крајот на дуелот, домаќинот победи со 25-22, но пирова беше таа победа.

Тимур Дибиров со пет гола беше прв стрелец на Вардар, но се истакна и голманот Томовски кој оствари 12 одбрани и потврди дека е за две класи над својот колега Борко Ристовски. Во полуфиналето Вардар ќе игра против Мешков Брест.