Откако минатата сезона стигна до финалето на Лигата на шампионите, Интер одлично ја почна новата натпреварувачка кампања и по пет одиграни кола е единствен со максимален ефект во Серија А.
Ова е четврти пат во историјата „нераѕурите“ да се на првото место на табелата со пет победи по исто толку натпревари, но тоа и не е добра вест за овој клуб. Претходно, истото се случило во 1966, 2015 и 2019 година и ниеднаш во овие сезони, Интер на крајот не бил шампион на Италија.
Во моментов, најблиску до Интер е Милан кого „нераѕурите“ го растурија со 5-1 минатата недела, а интересно е тоа што тој гол на градскиот ривал е единствен што го прими Интер во досегашниот дел од сезоната.