МАЛИОТ ГРАДСКИ ОСВОЈУВАЧ НАСТАПУВА САМОУВЕРЕНО СО ДОТЕРАН ИЗГЛЕД ВО STYLING НА АКТУЕЛНИОТ ДИЗАЈНЕРСКИ ЈАЗИК НА БРЕНДОТ , А БРОЈНИТЕ НАПРЕДНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ И БЕЗБЕДНОСТ, ПЛУС ПОЗНАТАТА ДОВЕРЛИВОСТ, СЕ АДУТИТЕ ВО СЕГМЕНТОТ КОЈ Е СЕ ПОГОЛЕМ И КАДЕ КЛИЕНТИТЕ СЕ СЕ’ ПО ИЗБИРЛИВИ
Актуелната генерација на урбаниот „Јапонец“ на пазарот е веќе неколку години, а бидејќи ја следи филозофијата на производителот за постојано унапредување и подобрување неодамна доби уште едно затегнување на брчките со над 500 зафати.
Напред има нови светлосни групи и нов отвор за воздух, потоа поисправена линија на острата маска, кои сега заедно даваат подинамичен и поевропски изглед, а страничните линии се исти, но затоа задниот дел добива нови (и поголеми) задни светла и редизајниран браник.
Визуелните измени не се големи, но доволни да го освежат Yaris и да нагласат дека сепак се работи за face lifting , со грст новитети и подобрувања, за да ја задржи актуелноста.
Внатре ја добиваме типичната Toyota појава, но овој пат се гледа дека многу внимание е посветено на давање нота на благородност во ентериерот, па многу од цврстите пластики се заменети со поквалитетни и помеки материјали, а се уверивме дека Toyota, посветила внимание и на звучната изолација.
Инаку – го добивате токму она што го очекувате – висока и прегледна седечка позиција, доволно простор во кабината, како за тие напредт така и позади има доволно место, па Yaris може да игра улогата и на семејно возило, особено со моторизацијата што ние ја возевем.
Автомобилот и натаму е меѓу нај просторните автомобили во класата – па освен солиден простор во кабината, нуди и солиден волумен во багажникот со капацитет од 285 литри во основа.
Седите малку повисоко од вообичаеното за овој вид автомобил, а тоа воопшто не е лошо, единствено повисоките возачи малку потешко ќе ја најдат адекватната позиција, но со опции на длабинско и по висина регулирање на воланот тоа се компензира.
Како и да е дизајнот на кабината не фасцинира (не е Lexus), но добивате серво управувач и рачка од менувачот обложени со кожа, клима уред, електрика на предните прозорци, загревање на страничните ретровизори, Follow Me Home функција на светлата, радио со Bluetooth поврзување со мобилен телефон, USB поврзување и команди на управувачот, сет воздушни перничиња и завеси, многу безбедносни системи, односно се што му е потребно на автомобил од оваа класа.
Како и во другите работи Yaris е пионер во класата кој нуди хибриден погон(всушност единствен), но еден од интересните новитети кои доаѓаат со „ботоксот“ и естетските затегнувања е и новиот 1.5-литарски атмосферски бензинец кој доаѓа на место на познатиот 1.33-литарски исто така атмосферски бензинец.
Новиот мотор нуди 111 КЅ при 6000 вртежи во минута и (сосем задоволителни) 136Nm вртежен момент при 4400, доволно за забрзување од 0 до 100 km/h за 11секунди и топ брзина од 175km/h.
Подобри перформанси во однос на моторот што го менува, а при тоа и помалку троши – во просек 4.2l/100km наведува производителот, реално околу 6,0 l/100 km.
Малиот Јапонец е комфорен и пријатен за возење, супер – лесниот серво управувач и прецизниот менувач, со шест степени на пренос на силата убаво содејствуваат и го прават возењето лесно, а големите стаклени површинизначат лесно маневрирање низ градскиот метеж.
Но, од него не смеете да очекувате спортски перформанси бидејќи тоа и не е неговата суштина.
Најдобро се снаоѓа во урбаниот сообраќаен метеж, каде комфорот и рафинираноста доаѓаат до израз, а на отворен пат за нијанса е прегласен,особено кога ќе надминете брзини од 130 -140 km/h – но во законските ограничувања до 120km/h во кабината е пријатно тивко.
Помоќниот мотор ви дава доволно сила да претекнувате без задршка, а во свиоците и покрај повишената става останува стабилен, секако, ако не претерувате и не ги проверувате законите на физиката.
Како и да е доволно комфорен и за возење и до подалечни дестинации и то кога внатре седат четири возрасни патници и имате полн багажник со торби, при што влече без мака и со вклучена клима, вака товарен со леснотија ја искачи Стража.
Впечаток е дек челниците на Toyota тежнеат Yaris да го задржат во врвот на класата, а со континуираното подобрување и освежување, со гаранцијата од шест години и 200.000 km – успеваат.
Во прилог на тоа оди и ценовната политика што ја спроведува и Toyota Авто Центар, Скопје, домашниот увозник на програмата на Јапонците, бидејќи Yaris со 1.0-литарски VVT-i мотор и ниво на опрема Terra може да го добиете за 9900евра!