Тотенхем шокиран во Словенија, Конте тврди: Ситуацијата во клубот воопшто не е едноставна

Фудбалерите на Мура направија голем подвиг, вечерва како домаќини го победија тимот на Тотенхем со 2:1, со гол постигнат во 94. минута од натпреварот, во рамки на 5. коло од групата Г во УЕФА Лигата на конференции.

Мечот се одигра во Марибор, а Мура им го нанесе еден од најнеочекуваните порази, иако беа аутсајдери, сепак, одиграа добро и го победија големиот ривал од Англија.

Мура ги освои бодовите, а Тотенхем ќе мора да сочека до посленото коло и мечот против Рен во Лондон, со цел да ја осигурат европската пролет.

Рен е прв во групата со 11 бодови, Тотенхем и Витесе имаат по 7, Мура е последна со три бода од вечерашната средба.

По три недели во клубот, почнувам да ја разбирам ситуацијата, која воопшто не е едноставна. Во моментов, нивото на Тотенхем не е во посакуваниот правец“, истакна Конте по разочарувањето со Мура.