Тотенхем направи “чуден трансфер“ – прв со реакција излезе некогашниот ас на „петлите“

Тотенхем направи “чуден трансфер“, на позиција која и не им беше така дефицитарна.

Во прашање е трансферот на Арнаут Данжум, фудбалер кој во Тотенхем доаѓа од екипата на Вилјареал.

На таквиот трансфер, интересна изјава имаше Џермејн Џенас, некогашниот фудбалер на „петлите“ од „Вајт Харт Лејн“.

Да го продадете Стивен Бергвајн и да го донесете Данжум на позајмица, па извинете, но тоа ми изгледа доста чудно. Постојат повеќе позиции кои треба да се засилат, а крилната не е така итна. Голман, дефанзивец, бекови и креативци се потребни за Тотенхем“, напиша Џенас.

Во прашање е само позајмица на овој играч, кој до пред два дена сите го гледаа во Евертон, па во последен момент беше избоксуван овој трансфер.

Данжум беше еден од најважните играчи на Вилјареал минатата сезона, во која постигна 16 погодоци.