Тотенхем на Мурињо се распаѓа: Четири кола не победил, без гол во 2020 година

Екипата на Тотенхем, од минатиот месец предводена од Жозе Мурињо е се подалеку од главната цел оваа сезона – пласман во Лигата на шампионите.

Спарс денеска ремизираа без голови на гостувањето кај Ватфорд што е четврти меч без победа во низа. Да биде мизеријата уште поголема, Тотенхем не постигнал гол во новата година или вкупно 277 минути. Последниот гол е од мечот со Норвич кој заврши 2-2 што значи дека Тотенхем е без гол во 2020 година кога станува збор за Премиер лигата.

Головата суша на лондонскиот тим се совпадна со повредата на најдобриот стрелец Хари Кејн кој според најавите нема да игра до крајот на сезоната. Дури и во таков развој на настаните Тотенхем треба да биде среќен затоа што голманот Газанига спаси пораз на гостувањето кај Ватфорд со тоа што одбрани пенал во второто полувреме.