Тотален распад на Барса: Сержи два месеца во „аут“, Пике најмалку четири

Речиси да нема натпревар, а Барселона да не остане без некој важен фудбалер, поради повреда.

Напорниот распоред во последните шест месеци си го зема данокот, претходно без повредени Умтити, Араухо, Бускетс и Фати, а од вчера каталонскиот тим е без уште двајца стандардни првотимци. Сержи Роберто доживеал руптура на задната ложа на десната нога и ќе биде надвор од терените во следните два месеца што значи дека годината за него е завршена.

Жерард Пике пред малку ги заврши прегледите и објавено е дека има истегнување од трет степен на вкрстените лигаменти на десното колено. Уште не може со сигурност да се каже колку ќе трае паузата, но се шпекулира дека тој најмалку четири месеци ќе биде надвор од екипата.