Торонто испиша историја – нов НБА шампион

Се случи она што се насетуваше – екипата на Торонто Репторс ја освои НБА лигата откако во шестиот меч од финалната серија славеше над Голден Стејт со 114-110 и така дојде до ефект од 4-2 в победи.

Па така тимот од Канада дојде до историската прва титула во своето 24 годишно постоење.

Што се однесува до мечот, во редовите на Торонто повторно прво име беше Кавај Леонард, кој беше прогласен за МВП на финалето. Леонард мечот го заврши со 22 поени и шест скокови, но имаше и огромна помош од своите соиграчи.

На Кајл Лаури му недостасуваа три скока за трипл-дабл (мечот го заврши со 26 поени, 10 асистенции и седум скока), додека Паскал Сиакам имаше ефект од 26 поени и 10 скокови, а бариерата од 20 поени ја надмина и Фред Ван Флит, кој постигна 22.

На другата страна Клеј Томпсон до повредата уфрли 30 поени, Андре Игудала додаде 22, а Стеф Кари 21 поени. Дрејмонд Грин оствари трипл-дабл од 11 поени, 19 скокови и 13 асистенции.