Тони Надал прокоментира: Зошто Ѓоковиќ не го сакаат како Рафа и Рожер

Тони Надал го даде своето мислење зошто Новак Ѓоковиќ не е толку обожавам тенисер како што се Рафаел Надал и Рожер Федерер.

Српскиоте тенисер оваа недела стигна до својата 341-ва недела на врвот на АТП листата, а како и преостанатите двајца од големата тројка, има 20 гренд слем трофеи.

Тони Надал се вклучи во глобалната дебата, зошто Ѓоковиќ не го сакаат како останатите двајца од големата тројка.

На него влијаеше тоа што се појави кога веќе имаше големо ривалство меѓу Рафаел Надал и Рожер Федерер. Тие двајца претставуваат две спротивставени страни, два стила на игра и тоа е она што ги привлекуваше луѓето“.

„Исто така, Ѓоковиќ имаше големо его во поедини моменти, кога на терен покажуваше неспортско однесување, кое не беше прикладно за играч кој е во врвот“, истакна Тони Надал.