Тони Надал изнесе интересен детал: Доколку Реал Мадрид му понудеше договор на Рафа…

Во интервју за шпанските весници, Тони Надал, екс тренерот на Рафа Надал, признава дека неговиот внук во минатото бил толку вљубен во Реал Мадрид, што да можел, би потпишал со нив.

Исто така Тони Надал открива дека Надал во минатото имал поголема страст кон фудбалот, отколку кон тенисот.

Доколку имаше шанса да игра за Реал Мадрид, тој немаше да игра тенис сигурно“, тврди Тони Надал.

Тој исто така истакна кога би завршила неговата тренерска кариера.

Мојата кариера како тренер нема да заврши кога Рафа ќе се повлече. Јас ќе продолжам со Академијата, имаме многу добри играчи на кои сакам да им помагам. Ќе продолжам да патувам, но само доколку јас тоа го сакам“, порача Тони Надал.