Тони Надал го знае лекот за Кирјос – на комичен начин го искоментира бунтовникот од Австралија

Некогашниот тренер на Рафаел Надал, неговиот чичко Тони Надал, за медиумите во Шпанија, го прокоментира вчерашниот скандал на Ник Кирјос.

Австралискиот тенисер на вчерашниот меч во осминафиналето од Мастерсот во Рим, против Каспер Руд, при еден нервозен поен и неуспешен обид да поентира, го фрли столчето на терен, доби трета опомена од судијата и го напушти натпреварот.

Тоа на доста комичен го прокоментира и Тони Надал.

Видов што се случи со Кирјос, тоа е навистина болно, Кирјос влезе во динамика која дефинитивно му штети. Му недостасува некоја даска во глава, затоа што ова не е нормално однесување за еден тенисер, во овој момент, тој е исклучително лош за тенисот“.

„Она што сега АТП треба да направи, е да не му дава премногу публицитет на Кирјос, се тоа што ќе го направи, да биде што помалку видливо за гледачите, но се разбира, тој привлекува внимание, мислам дека му е тешко да се избори со притисокот“, тврди Тони Надал.