Тони Крос веќе седум години носи исти копачки, никој не смее да ги пипне

Германскиот репрезентативец Тони Крос е исклучително внимателен кога станува збор за неговите копачки и е еден од ретките играчи кои сам си ги чисти после тренинзи и натпревари.

Крос веќе повеќе од десет години има спонзорски договор со „Адидас“ и ги носи копачките на германската компанија уште откако играше за Баерн, меѓутоа еден пар од овие копачки се во центарот на вниманието.

Имено, Крос редовно од „Адидас“ добива нови копачки секој месец, но има еден пар за кој е особено врзан, тоа се бели „Адидас“ копачки „Adipure“ кои Крос ги добил уште во 2013 година.

Веќе седум години го игра секој меч во истите копачки, а толку е приврзан за нив што самиот ги чисти по употреба. За тоа неодамна зборуваше и Герет Бејл и не го крииеше своето изненадување кога го видел како Крос си ги пере копачките.

„Мислам дека не му верува доволно на нашиот економ кога станува збор за чистењето на копачките. Секогаш ги чисти до совршенство и не можам да поверувам колку е поврзан за тој пар копачки“, изјави Бејл.