Томпсон на долга рехабилитација – што сега со неговиот договор во Голден Стејт?

Бекот на Голден Стејт, Клеј Томпсон посакуваше ибараше да му дадат максимален договор ова лето, но неговата повреда сега драстично ја менува ситуацијата.

Поради повредата на синоќешниот меч против Торонто во големото финале каде загубија од „рептилите“, Клеј се повреди и првите прогнози се максимално црни за него.

Уште не знам како ќе пристапиме на крај со Клеј, јас посакувам тој долго време да биде со нас во тимот, но треба да се види што и како по повредата“, порача сопственикот на Вориорси, Џо Лејкоб.

Според сознанијата на американските медиуми, на Томпсон му преостануваат 8 до 10 месеци опоравување од повредата, што значи дека ќе пропушти добар дел и од следната сезона.