Толку од револтот на Расел: Го испеглаа во Мерцедес и сега се извинува

Возачот на Вилијамс, Џорџ Расел, истакна дека планира да го повика Валтери Ботас со цел да разговара со него и да му се извини за ситуацијата околу инцидентот во неделата во Имола.

Во борба за 9-та позиција, во вториот свиок од трката, дојде до контакт при голема брзина, по што и двата болида завршија во заштитните бариери. Тој нивни судар придонесе за подолго чистење на патеката бидејки имаше страшно многу отпадоци од нивните болиди.

Првично Расел изгледаше лут поради тоа што Ботас не му остави доволно простор за да ја искористи својата брзина на правецот, што и навистина беше така, па Расел мораше да излезе од рамки на патеката, па кога нагази дел од тревнатиот дел, тој загуби контрола над болидот и се случи хаосот.

Но по трката, Џорџ Расел пее друга песна, тој сега смета дека треба да се извини, а не да чувствува одбивност кон Ботас.

Валтери и јас ќе разговараме и ќе го расчистиме тоа. Јасно е дека во жарот на борбата има емоции, но не сакам да ги расипам односите со било кој друг возач. Сите се бориме за позиција повеќе, овие моменти се стресни за сите нас кога ќе дојде до контакт при голема брзина. Бев бесен во тој момент, затоа што и двајцата не загрози“, смета Расел.

Но очигледно дека по „пеглањето“ во гаража со Тото Волф, Расел го променил мислењето и сега на медиумите им сервира една поблага варијанта, односно демонстрира складност со возачите на Мерцедес.