Толку од Ферари, Себастијан Фетел го избра својот нов тим во Формула 1?

Следната сезона за Себастијан Фетел би можела да биде последна во болидот на Ферари.

Тимот од Маранело на повеќекратниот светски шампион се уште не му понудил продолжување на договорот, првенствено поради неговите скромни настапи во оваа сезона.

Вестите од Италија велат дека цел на Ферари е да го доведе Луис Хамилтон во 2021. година и тие воопшто не се охрабрувачки за Фетел.

„Марка“ пренесува дека Фетел веќе почнал да ги прави своите први чекори кон изборот на нов тим, а шпанскиот весник тврди дека тоа би требало да биде екипата на Мекларен.

Германскиот возач наводно веќе го контактирал Андреас Сидл, спортскиот директор на Мекларен. Тие двајца веќе соработуваа заедно кога Фетел беше дел од БМВ Заубер.

Мекларен напредува и константно бележи раст во своите перформанси. Мерцедес ќе ги снабдува со мотори во 2021. година, па се чини дека тој тим се чини како навистина прифатлива опција за Фетел.