Толку беше: Прекинати Евролигата и Еврокупот

Првиот човек на Евролигата, Жорди Бертомеу денеска предложил, а 11. сопственици на А-лиценци прифатија да не се доигра сезоната во натпреварувањата под капата на оваа организација.

Во текот на викендот Бертомеу имал состанок со играчите и со секој клуб што настапува во Евролигата, но само играчите на Анадолу Ефес биле за продолжување на сезоната. Од клубовите, сакале да играат уште Барселона, Реал и Фенербахче.

Во моментот на прекин во Евролигата имаше да се доиграат уште шест кола од основниот дел, а во Еврокупот требаше да почне четвртфиналната фаза.