Толку беше: Португалецот си замина од Металург

Дене од таборот на Металург пристигна информацијата дека предвреме е раскинат договор со Португалецот Гонзало Рибеиро.

Централниот бек кој пред неколку месеци пристигна во пакетот трио засилувања заедно со Словенците Шпенде и Пучник, не се снајде најдобро во Скопје, па разделбата беше неминовна.

Риберо во дресот на „металурзите“ даде 25 гола во СЕХА и 19 погодоци во Лигата на шампионите.

Според најавите, тимот од Автокоманда периодот е во активна потрага по нози засилувања кои ќе му бидат потребни на тимот во настапите на домашна сцена пролетва.