Толедо со емотивна порака: Благодарам Република Македонија

Бразилецот Жозе Толедо, е еден од ракометарите кои го напуштија Вардар и си најдоа нова средина за понатамошната кариера.

Толедо беше кратко во Вардар, пристигна минатата сезона, се сметаше за големо засилување, но сепак не го искажа во целост талентот кој го поседува.

Од Вардар, Толедо се сели во Баја Маре (Романија), а по заминувањето, Толедо упати емотивна порака до сите навивачи.

Благодарам Република Македонија, од семејни и приватни причини нема да бидам дел од убавата иднина на Вардар. Би сакал да се заблагодарам на сите соиграчи, на сите кои работеа во клубот и на сите луѓе и навивачи во Македонија. Како и на оваа фотографија, се надевам дека ќе погледнам и ќе се насмеам кога ќе го видам знамето на Република Македонија и симболот на Вардар на највисокото место на подиумот каде што припаѓа и никогаш не требаше да го нема. Ви благодарам и илјада извинувања што не успеав да го докажам мојот квалитет како што сакав“, истакна Толедо.